АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спомен обележје на кое е испишано името на Битола, а на местото на буквата „о“ има срце, поставено е во градскиот парк кај Саат кулата по повод 4 номеври кога се одбележува 76-годишнината од ослободувањето на градот. Спомен обележјето се очекува во иднина , кога ќе се нормализираат работите по пандемијата со ковид-19, да биде место каде туристите ќе можат да направат симболична фотографија со името на градот. Обележјето, кое е осветлено во вечерните часови, направено е со средства на Општина Битола, поточно годинава нема да има свечени доделувања на награди со коктели, па средства ќе се искористат за други пригодни активности кои ќе остават трага во градот..
(Фотографијата е позајмена од фб профилот на Мартин Николовски)