АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четворица пациенти починаа ноќеска на Инфективното одделени во Битола поради компликации од Ковид-19.
Починатите се на воздраст од 71, 72, 73 и 75 години. Според првиот човек на Болницата во Битола д-р Билјана Гагачовска во моментов во Ковид центарот се хоспитализирани 75 пациенти најголем дел во тешка состојба .
Вчера во Битола починаа 6 пациенти, а во изминатите две недели нема ден да нема починат пацинет позитивен на Ковид 19. Заклучно до денес во Битола починаа 47 пациенти позитивни на вирусот. Бројот на заболени се искачи на 1197, од кој 606 се активно болни.