АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За битолчанката која синоќа почина од ковид-19 од Клиничката болница во Битола за Апла.мк соопштија дека пациентката била донесена вчера попладнето на 16.11.2020 во екстремно тешка состојба. Таа била хоспитализирана во суспектни пациенти, диспноична, со сатурација која паднала до 36%. Пациентката била веднаш поставена на кислородна поддршка и давана и била соодветна интензивна терапија, пулсни дози на кортико. Реанимирана била неколку пати, во 02:00 часот после полноќ повторно со нагол пад во сатурацијата, правени се обиди за реанимација, но пациентката направи кардиак арест и егзитира.
Била тестирана била во Центарот за јавно здравје, утрото на денот на прием, а вечерта пристигнат позитивен резултат. Пациентката предходно на 14 ноември била на преглед во тријажна амбуланта каде била ординирана соодветна терапија дневноболнички. Од коморбидитети таа имала дијабет, ХТА, хипотиреидоза и имала прекумерна тежина.