АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 67 годишна возраст поради компликации од Ковид -19 почина Благоја Стефановски -Баге актер и долгогодишен директор на Битолскиот народен театар, поранешниот министер за култура, поранешен пратеник, како и спортски работник вклучен во Ракометниот клуб Пелистер. Благоја Стефановски-Баге, беше човекот кој живееше за театарот и за културата, многу години посветени на културата во земјава и нејзина валоризација надвор од државните граници. Минатата година тој ја го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември" за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.