АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Понеделник, девет часот наутро. Ви ѕвони мобилниот телефон, а од другата страна ве прашуваат дали имате една минута време. Уште нерасонети слушате како ви нудат сируп против кашлица, кој ги чисти белите дробови, еколошки, го јакни имунитетот, вирус да не ве фати... И за цела пропаганда да се собери во една минута, ви читаат на брзина како во завршниот дел од рекламите за лекови по телевизиите кога велат „за контраидикации обратете се кај лекар’’... И последната магична карактеристика на лекот е тоа што ја намалува темературата, па продавачот од другата страна за да ве убеди да го купите ве прашува „дали утрово меревете температура?“
Ова се реакции на наши читатели од Битола на кои утрово им се јавиле од компанија и им нуделе сируп кој ќе им ги исчисти белите дробови, а ќе им ја намали и температурата. Некои од битолчаните уште биле во кревет, нерасонети, па првата асоцијација што им паднала на ум од телефонскиот разговор била короната. Други само што стигнале на работните места, понеделнички, со енергија колку што можеле да собере денес кога со секое отворање на интернет гледаме дека некој познат починал, па им се јавиле уште да им нудат сируп против белодробни заболувања уште од сабајле.
„Им го затворив телефонот. Се почувствував дека ми е загрозена приватноста. Се јавувале и од други компании, но да ве бараат понеделнички додека сте во постела за да ви нудат лек од корона , навистина е морбидно. Наместо будење, ме прашуваат дали утрово меревте температура“, реагира една битолчанка.
И телевизиите и социјалните мрежи се полни со реклами за производи кои наводно го јакнат имунитетот. Дел од нив се емитуваат и во претпладневни термнини. Гладачите го вклучуваат телевизорот наутро и прво што ќе видат „чудесен’’ лек. Но, нивно право е да се информираат или да го променат каналот. Вака со ѕвонење по приватни мобилни телефони од сабајле со нудење на лекови кои би помогнале човек да не се зарази од коронавирусот се нарушува приватноста на потрошувачите и се придонесува за ширење на уште поголема паника од болеста.