АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Собранието при Здружението на пензионери од Битола денес ја одржа шестата седница на која беа усвоени програмата за работа во 2021 година, финансискиот план за следната година и програмата за работа на Надзорниот одбор.
„Финансискиот план е како и во претходната година бидејќи во бројот на пензинери нема голема разлика. Приходите се главно од членарината на пензионерите и мал дел приход од кирии од осум станови кои ги има Здружението и еден деловен простор“, рече Крсте Белевски, претседател на Собранието.
Од понеделник раководството на Битолското здружение ќе се сретне со претставници на Шумското претпријатие во Скопје за да се дефинираат подробностите околу уписот на дрва за огрев за 2021 година.
„Во понеделник со претседателот Томе Димитровски имаме таква средба во Скопје. Веќе е испратена понуда за количина на дрва за следната година, ќе ги дефинираме работите и по празниците ќе објавиме дека ќе започнеме со упси на пензионери кои преку Здружението сакаат да си набават дрва за одгрев за следната зима“, рече Белевски.