АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани неправедно лустрирани најавуваат тужба против Државниот архив на Македонија за објавување и промоција на книгата „Црните страници на УДБА“ каде промотори се јавуваат тогашниот директор на архивот Филип Петровски и д-р Александар Даштевски. Книгата беше промовирана во втората половина на 2016 година во издание на Државниот архив.
Според контактите на Апла остварени со дел од овие лица –иницијатори за поднесување на тужбата се чудат како може Државниот архив да објавува вакви изданија кога за овие лица е завршен судскиот процес.
Неправедно лустрираните гласно размислуваат дали некој профитира од целокупната работа. Зошто? Бидејќи, огромните изданија се продаваат по 15.000 денари, а се печатени во 300 примероци. Значи, доколку би се продале сите примероци би се остварил приход од 4.500.000 или околу 73.000 евра. Исто така е симптоматично и се за анализа средствата кои се обезбедени за печатење на споменатата едиција, односно дали се од приватен џеб или се од парите на даночните обврзници?
Значи од вкупниот број на лустрирани, 25% или околу 50 лица се битолчани. Во таа бројка има доктори, адвокати, поранешни министри и началници на УБК, директори на центри за безбедност, универзитетски професори, како и директори на актуелни владини институции, од кои некои и починати. Од овој вкупен број на битолчани 90% се и по два пати лустрирани иако Вишиот управен суд ги укина решенијата на Комисијата за верификација на фактите, односно народски кажано со судско решение беа ‘одлустрирани за век и веков’.
Спорно е што скоро за сите битолчани опфатени во книгите се одделени по најмалку 50 страни без да се земат во предвид позитивните решенија на Управните судови во Р.С Македонија.
Се работи за огромно издание отпечатено во голем формат на 13.409 страници. Во истото има 16 книги распоредени во 9 тома. Првиот том има два дела и носи наслов ”Елиминација на ВМРО по 1945 година”. Вториот том го обработува Инфорбирото, третиот и четвртиот том ги обработуваат “Помалку познатите судбини”. Петтиот и шестиот том ја обработуваат “Емиграцијата”. Седмиот том ги обработува “Борците за независна и обединета Македонија”. Осмиот и деветтиот том се дводелни, а содржината на истите е “Следењето, обработката и обидите за растурање на ВМРО” и “Лустрацијата недовршен процес”.
Голема е веројатноста на битолската иницијатива за тужба да се приклучат и останатите неправедно лустрирани лица од другите градови на државата.