2win800x200

Итна модернизација на патиштата во регионот бараат бизнисмените од Битола и Прилеп

Јануари 26, 2021

 

Регионалните комори со седишта во Битола и Прилеп при Стопанска комора на Македонија од Пелагонискиот регион, каде се создава 11,3 проценти од БДП и работат над 8.300 компании, со вкупно 130.000 вработени, одржаа заеднички состанок во врска со досегашните иницијативи за модернизација на регионалната патна инфраструктура во овој регион и потребата од инвестирање и модернизирање, пред сè на патниот правец Меџитлија-Битола-Прилеп-Велес со модерен автопат.

Поводот за овој состанок е незадоволството на бизнис секторот oд Пелагонискиот регион за невклучување на овој регион во плановите за капитални инвестиции и Фондот за патишта на Владата на Република Северна Македонија, за новата 2021 година.

Од коморите информираат дека патните правци се во должина од 52,65 километри или 71,87 километри. Во 2008 година од сопствени средства на Комората, бил изработен предлог проект од фирмата Балкан Консалтинг.

„Во последните 3 години за ова прашање е дискутирано со највисоките претставници на извршната власт и тоа на неколку последователни средби и работни состаноци во Прилеп и Битола со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, заменик на претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, министерот за транспорт и врски и Министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Оваа иницијатива ќе има големо значење и за работењето на компаниите од Југозападниот регион кој учествува со 19,5 отсто од БДП, но и за поврзување со Република Грција (со околу 250.000 жители во пограничните региони) и Република Албанија (со околу 150.000 жители во пограничниот регион) со што ќе опфати регион од околу 1 милион жители, велат од регионалните комори.

Бизнисмените од овој регион бараат средба со премиерот и со економскиот тим, за да ги изложат аргументите кои како што велат ги повторувале 20 години.

https://faktor.mk/trpime-shteti-itna-modernizacija-na-patishtata-vo-regionot-baraat-biznismenite-od-bitola-i-prilep

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани