АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот лик на Техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ во Битола е фактор што мотивира како треба да изгледа еден училишен објект во 21 век. Во крајна фаза е реконструкцијата на објекотот кој се обновува со средства од Бугарскиот конзулат и Општина Битола. Кровот е целосно заменет со нов лимен, како и прозорците и вратите со нова современа ПВЦ дограма. Она што преостанува е остранување на ситните недостатоци, за целосната обнова на училиштето да заврши како успешен проект. Она што ќе се работи во наредниот период е изработка на ново громобранско заземјување.