2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Култната „Сингер“ машина за шиење еден век сочувана од 5 генерации на битолско семејство

Март 07, 2021

Битолско семејство грижливо ја чува  старата позната „Сингер“ машина за шиење, на која членовите се  особено горди и  емотивно врзани. Иако „Сингерицата“ е стара речиси 1 век, исклучуително добро ја чувале  5 генерации. Најмладата Јована Матевска Атанасова, машината ја наследила од нејзиниот чукун дедо кој ја купил во 1927 година за неговата сопруга и била наменета за домшна употреба, а до скоро била и во функција. Но, не само машината, грижливо е сочувана и сметката.

-"Фискална" сметка е  од машината за шиење, марка Сингер, на прапрадедо ми, купена пред речиси еден век, конкретно во 1927 година. Најголема вредност за мене има генерациската оставина и особено сум горда на истата. Машината била купена за домашна намена, за прабаба ми Илинка, единица во семејството, која понатаму ја проследува во наследство на мојот покоен дедо, еден од петте синови. Оваа генерациска штафета нема да застане тука, особено зашто педантноста и љубовта кон изминатите децении ни се очигледно врежани како генетски код. Покрај оригиналната сметка ја имаме и машината, која верувале или не, беше во функција до пред извесно време, вели Јована за апла.мк

 

157334408 1734337253394306 5690816665466893063 n

 

157383989 2310297725781820 154335983000693859 n

157526065 284516966604759 6384268037396172089 n

157867909 177757990819884 9110962857371619507 n

157134687 728922271154274 6283580738359872781 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани