2win800x200

Засадени дрвца во Битола и Кирјат Оно по повод 78 годишнината од депортацијата на Евреите

Март 11, 2021

 Денеска се одбележуваат 78 години од депортацијата на нашите сограѓани Евреи во логорите на смртта. Градоначалничката Наташа Петровска рече дека денешниот ден побудува длабоки емоции кај сите нас како битолчани положувајќи свежо свеќе пред Здравствениот дом “Др.Хаим Абраванел”, пред  спомениците на депортираните Евреи и на споменикот на Естреја Овадија Мара. Денеска општина Битола организира акција на засадување на дрвца испраќајќи порака дека „дрвцата се симбол на она што останува живо  се уште во нас а тоа е големата желба да направиме нешто повеќе во иднина“, рече Петровска. 

- Овој ден не потсеќа на еден трагичен настан од минатото кога нашите сограѓани од еврејската заедница беа депортирани од нашиот град. Одбележувањето на овој ден што го правиме секоја година, е од единствена причина да покажеме дека сакаме да се сеќаваме на тој ден зошто ни значи  да се сеќаваме на нашите сограѓани,  на евреијската заедница која што постоела во Битола, меѓутоа да покажеме дека навистина се случило злодело кое човештвото никогаш повеќе не смее да дозволи се повтори, рече градоначалничката Наташа Петровска упатувајќи благодарноста  за соработката  со државата Израел и нашите израелски пријатели за заедничките проекти.  

Одбележувањето на годишницата во делот на зедничките активности со градот Кирјат Оно се реализираат онлајн, бидејќи  заради пандемијата годинава во Битола не допатуваа гости од Израел.  Во двете општини се изведуваа активности во спомен на 798 семејства со 3351 битолски Евреии кои на денешен ден беа депортирани во концентрациониот логор Треблинка. Градоначаниците Наташа Петровска во Битола, a Израел Гал во Кирјат Оно посадија дрвца. Во Израел се приклучија и израелскиот амбасадор од Македонија Дан Ориан и македонскиот во Израел Александар Аврамовски, како и нивни колеги од Босна, Албанија, Србија и Косово.

Во Битола, засадувањето се реализираше во дворот на Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а покрај градоначалничката Петровска, дрвца засадија директорката на здравствениот дом Весна Спирковска и директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани