2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Денес интересот за вакцинација поголем, договорени 1300 термини

Мај 05, 2021

Повеќе од половината граѓани кои имаа добиено термин за вакцинација против ковид-19 вчера, на првиот ден од почетокот на масовната вакцинација во Битола, не дојдоа на Регионалниот вакцинален пункт во Битола. Според директорката на Здравствениот дом во Битола Весна Спирковска, за вчера беа договорени 910 термини, а се вакцинирале 397 граѓани. Тоа е 43 проценти од вкупниот број на закажани лица за вакцинација во текот на вчерашниот ден.

 

„Толку лица се појавија на пунктот за вакцинација, но тоа беше претежно повозрасната популација, па веројатно и затоа бројката беше таква. Но, за денес имам информации дека имунизацијата е масовна, има голем интерес, уште претпладнето беа вакцинирани 200 лица, а во текот на цел ден има 1.300 термини“, рече Спиркоска.

Таа додаде дека возрасната граница на лицата за вакцинација ќе почне да се спушта надолу. Во Регионалниот пункт за вакцинација во Битола имунизацијата се врши со кинеската вакцина на „Синофарм“, а дневно се договорени по 950 термини на лица од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани