2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Двајца членови од исто семејство ќе можат заедно да се вакцинираат, а оние кои не го почитуваат терминот по 8 дена ќе се бришат

Мај 09, 2021

Со масовната имунизација која започна во вторникoт во Ргеионалниот вакцинален центар  Битола се вакцинирани 3885 лица, а вкупно со претходната имунизација која се одвиваше на пунктот во ОУ „Даме Груев“ се вакцинирани 6258 лица 

 -Помина една недела од почетокот со работа на Регионалниот вакцинален пункт за масовна имунизација во Битола. Благодарение на Општина Битола и на градоначалничката Наташа Петровска, обезбедени се сите технички услови за отворање на овој  пункт. До овој момент,вакцинирањето се одвива според насоките од Министерството за здравство и дава одлични резултати. Имено, во изминатата недела вакцинирани се 3885 лица од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод. Ако се додадат и тие 1850 вакцинации со вакцината на “АстраЗенека“ и 600 вакцинирања со ,,Фајзер“-овата вакцина, тогаш вкупната бројка би била 6.285 лица. Досега, од почетокот на работата на овој пункт, добиени се две пратки на вакцини - 5100 дози на 3-ти мај и 4200 вакцини во текот на вчерашниот ден. Со тоа се потврдува веќе кажаното - вакцини има и ќе ги има и во иднина, рече Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола

Таа испарти апел граѓаните да се пријавуваат  за вакцинација и најавува  спуштање на  старосната граница. 

-Апелираме,  граѓаните да аплицира преку сајтот vakcinacija.mk и да ја очекуваат повратната порака со закажан термин каде основен параметар е старосната граница. Само за постарите лица ваквото пријавување се врши преку матичните доктори на кои мора да им признаеме за големата ангажираност за време на оваа пандемија. Вакцинирањето започна од највозрасната група и до вчерашниот ден е стигнато до возраст од 66 години. Се надеваме дека во наредната недела таа старосна граница ќе слегува подолу и масовноста на вакцинриање се повеќе ќе се зголемува. Напоредно со вакцинирањето на населението според возрасни групи, се врши вакцинирање на одредени групи на приоритетни професии според списоци кои се доставуваат од Министерството за здравство. На пример, здравствени работници, вработени во царина, пожарникари, вработени во Армијата итн. Мора да напоменеме дека овие лица не се според возраста и се надвор од редовно закажаните термини. Тие лица имаат посебни термини и се вакцинираат на посебно одредени пунктови, вели Спирковска. 

Исто така, организирано е и теренско вакцинирање во Старскиот дом „Сју Рајдер“, Хосписот „Сју Рајдер“ од геронтолошкиот Завод и во наредниот период и Старскиот дом „Св. Спас“. За неподвижните лица ќе се организира исто така теренска вакцинација по пријава од член на фамилијата со претходно закажан термин на vakcinacija.mk и медицинска документација.

Спирковска посочи дека се создаваат усови кои ќе ја осленат вакцинацијата за граѓаните, па ако двајца членови од исто секмејство имаат термини, ќе можат да дојдат заедно, но, оние кои не го почитуваат терминот, по 8 дена ќе бидат избишани  ап ќе мора повторно да аплицираат. 

-Редовно закажаните термини кои ќе бидат пропуштени од страна на пријавените, истото право ќе можат да го искористат во наредните осум дена, после што се бришат автоматски од системот и ќе мора повторно да аплицираат. Направени се олеснети околности за оние кои имаат закажани два члена од фамилијата за вакцинирање. Имено, сега ќе може да се вакцинираат во исто време, но во подоцна закажаниот термин, како не би доаѓале повеќе пати. Исто така, доколку се увиди грешка во системот, односно да се поставени во друг регион, а припаѓаат кај нас, истите ќе бидат прифатени. Целокупната организација се одвива со одлична соработка со Министерството за здравство и Министерот Венко Филипче. Секој проблем благовремено се решава  со единствена цел - за доброто на нашето население, вели Спиркоска. И  уште еднаш да напоменам – не доаѓајте во пунктот без закажан термин, ќе бидете вратени. Вакцини има и чекајте го својот термин, брзо ќе дојде, додава Спиркоска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани