2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од први јуни нема да се носат маски на отворено

Мај 28, 2021

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

? Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.
? Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.
? Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.
? Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.
? Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.
? Полицискиот час останува на сила.
? Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани