АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се одбележуваат 77 години од Денот Д, како што во историјата е позната битката во Нормандија (6 јуни – 21 август 1944), најголемата воената инвазија во историјата на човештвото со истоварување на сојузничките сили преку каналот Ла Манш во окупирана Франција. Една од клучните битки која доведе до капитуалција на Третиот Рајх во фашистичка Германија девет месеци подоцна.
Битолчанецот Панде Матевски (1914-1944) бил единствениот Македонец за кого се знае дека го загубил животот во десантот во Нормандија во Втората светска војна, кога загинаа над 10 илјади војници.
Во 2014 година, во рамките на програмата Normandie / Macédoine, АЛДА со ТВ Орбис направи документарен филм за животот на Панде Матевски, насловен „Војникот Рајан од Битола“. По повод 77 години од Денот Д, апла.мк го споделува со читателите овој документарец