АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од утре граѓаните ќе може да аплицираат за субвенции за вградување на плин во возилата. Според огласот на Министерот за економија сите граѓани коишто од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.
За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари односно пари ќе има за околу 600 граѓани.
„Оваа мерка која што произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните, има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот ‘Прв дојден, прв услужен‘. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство. Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.