По повеќе од 90 години „Водовод“ започна со градба на сопствена управна зграда

Јуни 09, 2021

По девеесетгодишно постоење Јaвното претпријатие „Водовод“ за првпат почна со изградба на сопствена управна зграда, со што веќе нема да биде кираџија по други објекти. Денес беше ставен камен темелник на новиот објект, а на свечениот чин присуствуваа претставници од локалната самоуправа и од централната власт, како и вработени во претпријатието. Рокот на изградба на објектот е 12 месеци, а на терен се гради интензивно. Вкупната вредност е 36 900 000 денари без ДДВ ( 42 700 000 со ДДВ), сопствени средства на „Водовод“.

„Ја отпочнуваме градбата на нашата нова управна зграда која ќе биде на површина од 1540 метри квадратни. Оваа управна зграда била желба на многу директори многу години наназад, но сега се создадоа условите, да не бидам скромен да кажам ги создадовме сите ние како менаџерски тим со помош на сите вработени. Водовод после постоење од 92-93 години да добие свој сопстен дом. Досега немаше сопствен дом, плаќал големи трошоци за кирии, за одржување на тие објекти, сега е моментот тоа да го направиме. Посебно сум горд што јас со мојот менаџерски тим и помош на сите вработени тоа ќе можам да го изведам“, рече директорот Горан Козаров.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека оваа локална самоуправа успеа да ги врати долговите кон јавните претпријатија заостанати од претходната власт со што им помогна во натаможниот равој и инвестиции. 

„Оваа локална самоуправа и власт заемајќи во предвид и кои се политиките на централно ниво успеа да врати, односно да исплати кон јавните претпријатија што за изведба, што за заостанати долгови од претходната власт над 6 милиони евра, од кои само во ЈП Водовод повеќе од 500 000 евра. Тоа покажува дека се водени политики кои даваат добра кондиција на јавните претпријатија , а со тоа овозможуваат тие да вложуваат како што е потврда и Водовод за инвестиција која дополнително носи заштеди и дава дополнителни развојни компоненти за претпријатието“, рече Петровска.

На настанот како претставник на Владата учествуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски. Тој рече дека Козаров е директор кој гради, па затоа и ја има поддршката од Министерството за локална самоуправа.

„Ова е значајна инвестиција за Водовод зашто после 90 години на некој директор му текна да направи сопствена управна зграда и да не е кираџија, а Водовод е најмоќно локално јавно претпријатие. На некои директори им е судено да градат, а на некои само да трошат. Козаров е од директорите што гради, па затоа Министерството за локална самоуправа, а и Владата, целосно го поддржува во неговото водење на Водовод. Помогнавме во набавка на цистерна, а сега одобривме проект директно од Министерството за набавка на теренско возило од 2 милиони денари. Ќе продолжиме и во иднина да ги помагаме директорите бидејќи со новиот закон тоа ни се овзоможи“, рече Милевски.

ова 2

197614318 541820343504709 8382037595341118907 n

198133247 537821317388328 4263542588000697826 n

197418913 551824076199656 4495450943236495217 n

197795088 226687045675320 8911281990769356462 n

197444242 3020331358251387 1567434233325192666 n

197830218 168861845199623 6899902838316754932 n

197838558 880726169455214 2885130459263077042 n

197788255 295065345649970 3464188719557506936 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани