2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На солстициум „Битолскиот хорологион“ на Марјан Танушевски ја виде светлината на денот

Јуни 21, 2021

Најстaриот сончев часовник –хорологион во регионов е откриен во Херајлеја, а датира уште од 157 година, денес се наоаѓа во поставката на Завод и музеј- Битола. Во античкиот локалитет имало и керамички светилки од 4 век пред нашата ера. Битолскиот Безистен бил изградан над друг објект кој на тоа место постоел пред да се подигне овој османлиски архитектонски бисер. Гулабите во Битола се капат само на едно место во Драгор, а тоа е во делот пред Ректоратот. Ова и многу  други знајачни податоци за градот под Пелистер, содржи најановата книга на долгогодишниот новинар на МИА, д-р Марјан Танушевски- „Битолски хорологион“. На стотина страници објавен се 21 натпис за значајни култирно-историски белези на Битола, за нејзиното пулсирање низ вековите, важни личности, здруженија, манифестации. Тоа се текстови кои Танушевски ги има објавувано во Медиумската информативна агенција, на теми кои говорат за зачењето на Битола низ вековите, а сега одлучи да остави траен белег обајвувајќи ги во книга.

„Сакав промоцијата да биде токму денес, да ја види книгата светлината на денот. Денес е 21 јуни летен солстициум, најголемиот или најдолгиот ден во годината. Денешниот ден трае точно 15 часа 14 минути, најмногу сонце од изгрејсонце до зајдисонце и мислев дека тоа е најдобра асоцијација на хорологионот , сончевиот часовник. Имено, најстариот сончев часовник (хорологион) на овие простори е од Хераклеја. Го направиле во 157 година за да го сметаат времето“, рече Танушевски.

Издавач на книгата е Македонското научно друштво од Битола, а печатењето го помогна и Општина Битола.

„Да имате идеја чија реализација подразбира можност да ставите белег на курсот на живеење на градот низ вековите, без двоумење заслужува поддршка. Книгата укажува на социјални, културни, економски и низа други аспекти на живеењето во градот. И сето тоа низ научен белег кој е исклучитечно значаен. Се радувам што се промовира токму денес, на најдолгиот ден кој е симбол на долгото милениумско постоење на нашиот град“, рече градоначалничката Наташа Петровска.лнига 2

Промотори и рецезенти на книгата беа директорот на Државаната агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и новинарката Анета Шијакова.

„Иако сум скопјанец и покрај ривалството со Битола, второ место на кое би избрал да живеам е градот Битола. Тоа е така зашто градот Битола има поголема душа од други градови, повеќе интелектуалци од други градови, повеќе дадено на нашата држава. Оваа книга не потсетува што ние сме должни да направиме. Во неговото 20 годишно работење во МИА тој ги нанижа како мониста најубавите нешта што ги дал за Битола. Книгата се чиста во еден здрив. Но, доколу сакате да ја откриете нејзината длабочина ќе ви биде потребно време да навлезете во секоја приказна, враќајќи се неколку пати на пишаното“, рече Јаневски.202159715 129044982591715 3755087561082866509 n

Рецезентот и новинар Анета Шијакова рече дека во книгата како бисери се наредени вистинските вредности на Битола.

„Голем број културно-историски знаменитости се посочени тука, но на еден ненаметлив начин, интересен , краток начин зашто денес луѓето немаат време на долго да читаат. Оваа книга им овозможува на сите да видат што е интересно во Битола. Важна е и за туристите, но само за нив, туку и за битолчани. За миг ќе помислите дека во Битола нема што да се доистражи дека се е кажано и познато , градот е стар, познат, но книгата покажува дека има многу други работи. Податоци кои и ние битолчни не ги знаеме“, рече Шијакова.202183189 514683886347331 2034574579174310123 n

Таа уште нагласи дека книгата е и обврска за градот за подобра туристичка инфратруктура.

„И не само за туристичка, зашто во сезона се наменети за туритстите, но цела година се наменети за нас битолчаните. Затоа сите заедно да дадеме свој придонес ова да стане поголема реалност, поблиска до публиката, туристите, но пред се за битолчани и верувам дека тоа ќе биде така“, рече рецезентката.

Првиот примерок од книгата Танушевски ѝ го подари на сопругата Мимоза Танушевска, воедно заблагодарувајќи се семејството за големата поддршка.   202165990 930703671053087 3348587032156013159 n

203642311 188171226456266 3797632977983384086 n

202088986 161678736005793 8240509552467574790 n

203865242 840650640209380 757399762003296091 n

204612695 1152596575224484 4126911480735721997 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани