АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се започна со поплочување на улицата „Рузвелтова“ во срцето на градот со гранитни плочки. Поплочен е дел од улицата пред Поштата, а во следниот денови ќе бидат опфатени и други делови од „Рузвлетова“ со што ќе добие изглед соодветен на страо градско јадро.
Улицата се реконструира неколку месеци, а состојбата со оваа инстраструктурна делница претставуваше горлив проблем, особено во дождливите денови, кога практично по неа не можеше да се помине. Сега променета е канализационата и водоводната мрежа, а напревена е и замена на надземните водови со подземни. Вредноста на овој проект изнесува околу 6.000.000 денари, средства на Општина Битола.