АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со песната „Битола мој роден крај“ фронтменот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски, го започна својот настап вечрва на Балкан Гала Фестивал-Рок Симфонија што се одржува на Ракометното игралиште во Битола
Покрај Рахимовски, заедно со Камерниот оркестар настапува и легендарниот Дадо Топиќ, а публиката ужива во нивните хитови кои никогаш не се забораваат.
Исто така светски рок хитови исполнуваат и нашите најдобри домашни вокали: Дани Димитровска, Михајло Трaјковски – Сак, Бранислав Николов(Фолтин), Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо Паркет, Ирена Димовска, Елена Стојчевска, сите заедно придружувани од Камерниот Оркестар на Битола.
Балкан Гала Фестивал е уникатен тридневен фестивал единствен на овие простори.Три различни Гала концертни вечери со многу гости артисти од целиот Балкан, придружувани од Камерниот Оркестар на Битола составен од над 30 музичари. Уникатна можност да ги слушнете вашите омилени песни и вашите омилени артисти во сосема нови симфониски аранжмани..