2win800x200

Откриена спомен биста на Ѓорѓи Наумов-Кога зборуваме за НОБ и македонската кауза, презимето Наумов е испишано со златни букви, рече Петровска

Јули 21, 2021

Во организација на Општинската организација на Борците и  во присуство на голем број граѓани, семејството на Ѓорѓи Наумов, претставници на локалната самоуправа, градоначалничката на Општина Битола, политички партии, денеска свечено беше откриена бистата на Ѓорѓи Наумов, во Градскиот парк, во Алејата на борци од НОБ.

 

-Пресреќни сме што наидовме на разбирање кај советот и градоначалничката што ни овозможи да ја поставиме бистата на Ѓорѓи Наумов на ова место. Ѓорѓи Наумов како борец на Првиот партизански одред ненадејно беше фатен од страна на бугарската фашистичка полиција и однесен во затвор. Родителите на Ѓорѓи и Стив наумов дознаа за смртта на своите деца, после ослободувањето на Битола на 4 ноември 1944. Фамилијата даде два синови, горостаси за слободата на нашата земја, изјави претседатлот на битолската боречка организација, Алекасандар Трајковски.

IMG 20210721 103054

Општината Битола ја спроведе целокупната постапка за утврдување на локацијата во  Алејата на паднатите борци во Градскиот парк во Битола.

-Денес е посебен ден кога поставуваме уште една биста во алејата на паднатите борци од НОБ, бистата на Ѓорѓи Наумов. Оддаваме конечно почит онака како што заслужува човекот кој што го даде најдрагото, својот живот за да ние денес бидеме овде и ги имаме благодетите на слободата. Посебна благодарност сакам да укажам  до семејството Наумов, затоа што кога зборуваме за НОБ и кога зборуваме за македонската кауза, презимето Наумов е испишано со златни букви. Токму на ваков начин можеме да потврдиме дека сме свесни, кои аме кафе сме, зошто сме. Само така можеме да ја сочуваме нашата македонштина, да се сочуваме себеси. Тоа се прави со дела, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

 

Бистаnatasa 

Спомен бистата е донација од АМД “Ѓорѓи Наумов“, а во изработката учествуваа и други фирми од градот.

-Во АМД Ѓорѓи Наумов сум вработен повеќе од 40 години, а нашето друштво постои 75 год, носејќи го гордо името на Ѓорѓи Наумов и никогаш не било во искушение, независно од приликите и моментите на промени на властите и системите, да го смени името. Кога дојдов да го раководам со друштвото ме носеше идеајата да поставиме биста во Градскиот парк. Не беше лесно да се дојде до оваа локација, но успеавме благодарение на структурите во Битола, со што целосно ја финансиравме изградбата на овој споменик, изјави Јонче Лајмановски, директор на АМД „Ѓорѓи Наумов“.

lajman

Настанот со свои рецитации го збогатија учениците од ОУ „Елпида Караманди“ чиј ментор е наставничката Фанче Јошевска.

bista1

semejstvo

semejstvo2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани