2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Без никакви докази се тврди дека наночестичките од вакцината трајно ги заболуваат луѓето

Јули 22, 2021

Овој пост се споделува стотици пати на Фејсбук без притоа да има барем еден релевантен доказ дали тоа што се говори е точно. Нема никакви податоци, прво на кои вакцини се мисли, нема податоци за лаборантката која се споменува, каде работи и кога ги правела овие тестирања. Нема никакви дополнителни информации за луѓето врз кои се правеле тестирањата, која возраст и пол се, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Сè на сè, оваа објава има толку многу непознати, а ниту еден доказ, што може да станува збор и за измислена објава, креирана за антиваксерска пропаганда

Фејсбук објава, која има голема видливост, вели дека луѓето прават огромна грешка со вакцинирањето, затоа што вакцините трајно ги заболуваат. Ова е уште една објава на социјалните мрежи која е дел од антиваксерската кампања за одвраќање и убедување на граѓаните да не се вакцинираат, иако процесот на имунизација е единственото решение за справување со коронавирусот.

Текстот, кој притоа е објавен на профил кој е потпишан како Отец Ѓорги, е превод од некоја објава на српски јазик. Значи, не е автентичен текст, туку е само преведен и објавен без притоа да се направат какви било проверки дали е веродостоен и дали тоа што го тврди е вистинито.

Објавата тврди дека лаборантка правела испитувања на крвта кај оние што се вакцинирале и дека сознанијата до кои дошла биле „хорорни“.

На почетокот пред вакцинирањето, нивните крвни зрнца биле сосема здрави. Клетките кај пациентите се промениле прогресивно во следните неколку дена по вакцинирањето. На резултатите се гледале страни тела со бели дамки, кои претставуваат – нано честички чие присуство јасно се гледа во крвните клетки. Нано честичките никогаш не можат да се отстранат од телото, (рече таа) а тие на крајот ќе влезат во секоја клетка на вакцинираното лице (ќе станат дел од секоја клетка), се вели во постот.

И ова се споделува стотици пати на Фејсбук без притоа да има барем еден релевантен доказ дали тоа што се говори е точно. Нема никакви податоци, прво, на кои вакцини се мисли, нема податоци која е оваа лаборантка, каде работи и кога ги правела овие тестирање. Нема никакви дополнителни информации за луѓето врз кои се правеле тестирањата, која возраст и пол се, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Сè на сè, оваа објава има толку многу непознати, а ниту еден доказ, што може да станува збор и за измислена објава, креирана за антиваксерска пропаганда.

Дека оваа објава нема никаква врска со вистината говори фактот што тврди дека во резултатите од крвта, се гледале страни тела со бели дамки односно нано-честички. Ова е невистина, затоа што наночестички не може да се видат во крвта. „Нано“ значи милијардити дел од нешто.

Нано честички се ситни материјали со големина од 1 до 100 нанометри. Нанометар е единица должина во метричкиот систем, еднаква на еден милијардити дел од метарот (0,000000001 м).

Наночестичките постојат во природниот свет, но можат и да се создадат како резултат на човечки активности. Поради нивната субмикроскопска големина, тие имаат уникатни карактеристики на материјалот, а произведените наночестички можат да најдат практична примена во различни области, вклучувајќи медицина, инженерство. Субмикроскопска големина значи дека тие се премногу мали за да се видат дури и под микроскоп.

Ова значи дека тие не може да се детектираат преку правење на испитувања на крвта што може да ги направи лаборант.

Притоа, за објавата да биде поефектна, односно повеќе луѓе да искоментираат на неа или да ја споделат, „зачинета“ е со сензационализам, како тврдењето дека резултатите се „хорорни“ и дека лаборантката „плачеше по она што го виде“.

Потоа се вели дека „само Господ знае“ што ќе се случи откако луѓето ќе ги примат сите седум вакцини. Воопшто не е јасно на кои седум вакцини се мисли. Сите досега одобрени вакцини против ковид-19, се примаат во две дози, освен онаа на Џонсон и Џонсон која се прима во само една доза.

Оваа објава е споделена на профил со име „Отец Ѓорги“. Иако на фотографиите на профилот може да се забележи лице облечено во свештена облека, сепак, не се знае кој е овој Отец и дали и во која црква работи. Свештените лица имаат големо влијание кај религиозните луѓе, па, така, особено проблематично е свештено лице да споделува вакви невистинити и непроверени објави.

Иако објавата започнува со реченицата „не сакам да сметате дека ширам страв“, токму тоа го прави. Се презема и без проверка се објавува нешто за коешто нема никаква потврда дека е точно. Притоа, се предизвикува непотребен страв заснован на непроверени и информации кои не се базираат на никакви потврдени истражувања од релевантни институции, туку на шпекулации и сензационализам.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани