2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Студија, позната со месеци, претставена како ,,доверлив документ”

Јули 23, 2021

Jапонската студија, што е предмет на нашиот интерес од постот што го рецензираме, веќе наголемо е злоупотребувана од антивакциналните кругови ширум светот

Најнапред, со оваа студија за биодистрибуцијата на мРНК, си поигра канадски доктор, лажно тврдејќи дека со вакцината се вбризгува спајк протеин во организмот, кој се таложи на органите и предизвикува проблеми. Меѓутоа, освен тоа што спајк протеин не се вбризгува со вакцината, (туку инструкцијата за неговото производство во форма на мРНК доаѓа само во цитоплазмата на клетките, а не во јадрото), спајк протеинот што ќе го произведе клетката по вакцинацијата, ги нема својствата на оригиналниот спајк протеин на коронавирусот! Тој само личи на оригиналниот и има само антигено својство, да провоцира имун одговор.
 
Освен тоа што не е ист со оригиналниот спајк протеин на коронавирусот, овој спајк протеин што се произведува со давање на вакцината е во 100 илјади помала концентрација од таа што самиот вирус ја произведува и е неопходна за да направи штета. Повеќе на оваа тема прочитајте на следниот линк. 
 

Невистина е дека протеинот се таложи во органите

Во оваа објава што ја рецензираме, се оди чекор понатаму и се тврди дека овој спајк протеин што се создава со вакцинацијата, всушност, ги напаѓа органите, иако самата студија покажува дека тој навистина е во премногу мали количества и после денови комплетно излегува од телото. Оваа студија од Јапонија се однесува на вакцината на Фајзер и е спроведена врз глувци. Вакцината на Фајзер се дава во мускулот на рамото во растојание од 21 ден, а една доза е 0.3 милилитри. Во постот се вели:
 
Доверлив документ кој ја истражува Фајзер вакцината, преведен од jапонски на aнглиски јазик. Биодистрибуција на мРНА вакцините. докажува дека мРНА се движи од местото на инјектирање во крвта, потоа спајк протеинот циркулира во телото, напаѓајќи ги јајниците, црниот дроб, невролошките ткива и други органи. Оваа студија ќе резултира мРНА вакцините да бидат повлечени од пазарот.
 
Меѓутоа, оваа студија не само што не е доверлива, (со месеци е јавно достапна), туку и Европската медицинска агенција ЕМА ја има цитирано во детали уште во февруари годинава. Во документот на ЕМА на 13 страница пишува дека има позитивен баланс меѓу бенефитите и ризиците на вакцината на Фајзер, за да се заштити населението повозрасно од 16 години, базирано на докази од најважната студија и резултатите од првата, втората и третата плацебо контролираната рандомизирана студија што ги испитувала безбедноста, толерантноста и ефикасноста на вакцините.
 
Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, испитувањето на биодистрибуцијата на мРНК не е доказ за масовен експеримент врз луѓето, со однапред познати негативни последици, кои треба точно квантитативно да се испитаат. Ова испитување на биодистрибуцијата на мРНК напротив, е познато на Европската медицинска агенција ЕМА и наспроти тоа што авторката на постот не го кажува во својот пост, покажува дека мРНК се чисти од организмот и од сите органи без последици.
 
мРНК од вакцината не ја менува ДНК на тој што ја прима вакцината, и се чисти од телото по вакцинацијата и не останува во телото.
 

Појаснето и од нашето МЗ

Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината.
На 46 страница на извештајот на ЕМА кој се однесува на студијата цитирана во постот се вели:
За аминолипид, максималната откриена концентрација во црниот дроб од 294 микрограми на грам црн дроб, е достигната три часа по инјектирањето. ALC-0315 (аминолипид) беше елиминиран полека од црниот дроб и по 2 недели концентрацијата на ALC-0315 сè уште беше ~ 25% од максималната концентрација што укажува на тоа дека ALC-0315 ќе биде елиминиран од црниот дроб на стаорец за приближно 6 недели. За ALC-0159 (PEG-липид), максималната откриена концентрација во црниот дроб (15,2 μg / g црн дроб) е достигната 30 минути по инјектирање. ALC-0159, беше елиминиран од црниот дроб побрзо од ALC-0315 и по 2 недели концентрацијата на ALC-0159 беше само ~ 0,04% од максимално откриената концентрација. Апликантот (Фајзер, наша забелешка), сметал дека не постојат проблеми со неклиничка безбедност засновани на студии за токсичност со повторена доза во дози (врз основа на mg / kg) многу поголеми отколку што се администрираат на луѓе. Ова беше прифатливо.
 

Многу експерти се изјаснија околу протеинот од вакцините

Доктор Едвард Ниренберг демонстрира дека количината на спајк протеин која што ја создаваат вашите клетки после вакцинацијата е 100 илјади пати помала од нивото на спајк протеин во вирусот кој предизвикува штета. Исто така, овој спајк протеин, создаден од вашите клетки, не е истиот како вирусниот спајк протеинИ други доктори тоа го потврдуваат.
 
За тврдењето дека ,,спајк протеините циркулираат во крвотокот напаѓајќи ги јајниците, невролошките ткива, други органи”, канадските лекари пишуваат:
Антивакциналните теории дека спајк протеините создадени по вакцинацијата можат да донесат катастрофа, не земаат предвид дека спајк протеинот на вакцината е поразличен отколку во неговата природна форма, дека неговата инженирана форма превенира тој да се активира и дека единствената намена му е да го активира имунитетот од вакцината.
Доктор Давид Горски, на пример, во детали објаснува дека вакцината против ковид-19 може да штити не само од инфекција со Сарс Ков 2, туку и против повреди од спајк протеинот!

мРНК или аденовирусот од вакцината не се дистрибуира екстензивно, затоа што инјекцијата се дава во мускулот на рамото. Спајк протеинот е многу веројатно дека нема да биде во концентрации ни оддалеку слични на тие што се создаваат во моделите од експериментите. Спајк протеинот од вакцината не се закачува за вирусната честичка, туку си постои како единечна протеинска молекула. И на тоа додадете го фактот дека модифицираната мРНК во вакцината не се задржува многу долго во телото и не генерира спајк протеин долго време, пишува Горски.

Поради сето погоре истакнато, оценуваме дека е дезинформација кога се тврди дека спајк протеинот ги напаѓа јајниците, невролошкиот систем и други органи. Спајк протеинот не напаѓа ништо, тој само има за цел да активира имунолошки одговор, не е ист како спајк протеинот на коронавирусот и по вакцинацијата се создава во 100 илјади пати помала доза отколку при вирусната инфекција.
 
 
 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани