2win800x200

Заев во Хераклеја-локалитетот уреден за повеќе туристи

Јули 24, 2021

За првпат античкиот локалитет Хераклеја и амфитеатарот во неа станаа пристапни за лицата со инвалидитет. Во рамките на проектот „Смарт-кул-тур“ финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите за прекугранична соработка поставени се лифт и метални пристапни рампи со кои се совладани архитектонските бариери во локалитетот. Со ова лицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржауваат во Херајлеја, а и да го разгледаат локалитетот.

Направени се и други инфраструктурни пристапни зафати, а целосно реконструиран е и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот, осовременет е музејскиот простор, а изработени се и на аудиоводичи на седум јазици.

„Општина Битола за првпат во прокет за прекугранична соработка е лидер. Обезбедени се средства во висина над 704 000 евра и направен се сериозни инфраструктурни зафати во делот на пристапност до самата Хераклеја со таканаречерниот Римски пат каде целосно е преуреден коловозот, архаично е адаптиран на локалитетот, целосно е променето осветлувањето. “, рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.222550729 411726493530474 2407265766912368723 n

Партнери во проектот се Општините Битола и Пустец, Завод и музеј- Битола, Регионален директорат за култура од Корча и МКЦ- Битола. Вкупниот буџет за „Смарт-кул-тур“ е 704.590 евра, од кои 85 проценти ги обезбедува ЕУ, а останатите 15 проценти државата.

„Со овој проект се дава можност за регионален развој на туризмот. Но, да напомениме дека завршена е реконструкцијата на зградата на Офицерскиот дом, моментално се работи на партерното урредување каде Општина Битола учествува со 300 000 евра, го опремивме Киното Манаки со најсовремена опрема, променивме дел од излозите на дуќаните во старата чаршпија, издвоивме средства за застаклување на просторот каде се откриени темелите на црквата Свети Ѓорги и 10 објекти означивме со QR коодови. По панденмијата широко да ги отвориме портите на нашиот град за што повеќе туристи“, додаде Петровска.

-Ја поддржавме реконструкцијата на Римскиот пат за да се врати неговиот првобитен изглед, помогнавме да се подобри пристапот на локалитетот за посетителите, вклучително и на оние со попреченост. Повеќе луѓе ќе можат да уживаат во убавините на локалитетот“, рече евроамбасадорот Дејвид Гир при денешаната промоција на адапатциите во Хераклеја.

Од албанска страна се реконструираше постоечката стара училишна зграда, во која ќе има поставка на Стерјо Спасе во село Глобочани, Општина Пустец,

„Со ова се прави значен придонес за прекуграничната соработка во регионот кој долгорочно има за цел да го зголеми квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча. За прекуграничната соработка развиени се уште 5 туристички пакети за регионот Пелагонија –Корча “, рече премиерот Зоран Заев кој денес ја посети Херајлеја.   222729973 408181047283432 436442641697780957 n

223666652 588854018950012 6247091937743076968 n

 

 221748361 1194924030931428 7194093834374617425 n

219106998 1654520108076739 1323519247304196394 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани