
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов детски парк го исполни просторот на улицата „Север и Југ“, спроти зградата Аурум во Битола. Реквизитите се поставени, просторот е исчистен од високите треви и отпадот и веќе е радост за најмладите жители од оваа населба.
„Идејата за нови хортикултурни уредувања во градот, кои ги опфаќаат и детските паркови, произлегуваат пред се од програмата за работа на градоначалничката Наташа Петровска, во која е наведено дека една од новите политики ќе биде облагодорување со нови зелени површини. Исто така, дел од идеите доаѓаат и по средбите со локалното население, како и приоритетите кои ги донесуваат урбаните и месните заедници, по што се вметнуваат во годишните планови и програми за работа на општината“, велат од Општина Битола.
Официјалните бројки се дека на околу 50 локации во градот се направени паркови, од кои најголемиот број се збогатени со детски реквизити, а 4 се инклузивни паркови. На над 20 локации се направени нови паркови, вклучувајќи го и еко паркот и паркот за домашни миленици сместен на Градското шеталиште во Битола.