Во битолската болница нов апарат за функционални испитувања на тироидната, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања

Јули 28, 2021

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ја посети Клиничката болница во Битола. Во рамки на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, беше дониран нов апарат кој ќе служи за функционални испитувања на тироидната жлезда, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања.

-Во функција е ставен нов апарат кој служи за функционални испитувања. Тоа значи дека пацентите коишто имаат потреба од ова испитување нема веќе да треба да патуваат во Скопје, тоа е значајна бројка на жители не само од Битола, туку и од регионот. Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на здравствената услуга, додека пациентите кои имаат потреба од овие испитувања ќе имаат можност да ја користат експертизата на лекарите кои работат во оваа болница, рече министерот Филипче.  

Директорката на болницата д-р Билјана Гагачовска изрази благодарност до Министертството за здравство за добиениот апрат.

-Досега КББ работеше со кама апрат во одделот на Нуклеарна медицина, меѓутоа со овој апарат кој има интегрирано испитување има големи предности, поголема искористеност на радиоактивните материјали. Ваква камера има во Институтот за Патофизиологија во Скопје и предностите сега на југозападниот регион ќе бидат во тоа што ќе ги добиваат услугите во Битолкста болница. Тековно продолжуваме со тие снимања кои ќе започнат кон крајот на следниот месец, планирани се и нови методи на испитувања со тоа што можеме да згрижиме што поголем број на пацинети, рече д-р Гагачовска, директор на КББ.   

Филипче и Гагачовска на средбата  разговараа за предизвиците со кои се соочуваат  во секојдневното работење, за процесот на вакцинација, за пуштање во функција на одделот за онкологија кој ќе биде опремен со апарат за комјутерска томографија за симулација, кој е планиран да започне со работа на почетокот на следната година.Со  отворањето на одделот за онкологија ќе се олеснат условите за лекување на пациентите од овој крај.    

Битолската болница може да се пофали и со висок опфат на вакциниран персонал помеѓу 75% и 80% , што  е одличен  знак дека персоналот во оваа болница е добро заштитен.    

Министерството за здравство постојано се залага за иплеметирање на современи стандарди во здравствениот систем како и грижата за здравјето на граѓаните. Нема достапен описНема достапен описНема достапен опис
Нема достапен опис
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани