2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Повисоки плати за вработените во ЈП Нискоградба

Август 05, 2021

Советот на Општина Битола денес даде согласност да се зголеми платата на вработените во Јавното претпријатие „Нискоградба“. Согласно утврдената финансиска состојба , зголемување на платата  изнесува 7,7 проценти, односно вредноста на бодот се зголемува од 3,9 на 4,2 денари  и тоа почнувајќи од август 2021 година. Просечно исплатена нето плата  за 2020 година  изнесуваше 22.807 денари  што е за  4.375 денари помалку од просечната  исплатена плата на ниво на држава. 

„Кога пред четири години беше преземено претпријатието од претходната власт беше со блокирани сметки и основен долг од половина милион евра. Во 2017 година загубата беше повеќе од половина милион денари, за оваа година да биде во добивка со околу 100 000 денари. Долговите години не беа сервисирани, беа подигнати кредити, од кои за едниот не го имаа известено  ни советот, а сегашното раководство едниот кредит го врати, вториот до крајот на годината ќе биди исплатен, а третиот ќе се исчисти во 2022 година, значи да нема долгови, да нема долгови со заглавена сметка во минуис и да има позитивно салдо“, рече Борче Корлевски, советник од СДСМ.   

Според Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата нема ништо против да се зголемат платите, но критикуваше дека власата е очајна кога фали кадровско решени на ЛДП.

„Сметките беа фингирани. Манипулиравте со бројките. Клучната разлика во работењето со јавните претпријатија е во делот на вработувањата. Додека ВМРО-ДПМНЕ како што имаше одлив на вработени , така и се вработуваа, СДСМ во изминатите четири години вработи повеќе луѓе во јавните претпријатија отколку дури ние бевме на власт 12 години“, рече Тошевски.

Корлевски возврати дека СДСМ и ЛДП заедно настапија на изборите и заедно ги составија принципите на работа на оваа локална власт. Досека советникот Зоран Стојчевски од СДСМ  рече: „За што зборувате, за непотизам? Да се потсетиме на минатото. Добивме одговор од еден ваш партиски директор кој рече ако јас не си го вработам синот кој ќе ми го вработи. Ама тоа е минато свршено време“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани