2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Велика Британија нема над 1500 мртви како последица на вакцината

Август 12, 2021

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени ,,жолти картони”, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да се напомене дека  сомнежите за несакани ефекти опишани во овој извештај не се интерпретираат како докажани несакани ефекти од ковид-19 вакцинатa. Но, токму овие информации во постот се испуштени, со што јавноста е лажно информирана дека смртните случаи кои настанале по вакцинација се директна последица на вакцината

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Би Би Си (националниот информативен сервис на Велика Британија) „заборавил“ да објави статистика дека има 1.517 мртви од експериментални вакцини во Британија и над 1 милион несакани ефекти пријавени од страна на 330 илјади луѓе. 

Ова не е првпат грубо да се манипулира со системите за пријава на несакани ефекти, кои ги има во сите земји вклучително и во Македонија. Во повеќе случаи пишувавме за манипулациите кои што се правеа со пријавите за несакани ефекти во САД односно со системот ВАЕРС.

Меѓутоа, како што и претходно објавувавме и објаснувавме, самата пријава за несакани ефекти и за смрт настанати по вакцинација, не значи дека тие се последица на самата вакцина или дека има каква било причинско-последична врска меѓу двете. Да биде манипулацијата во постот што го рецензираме уште поголема, секој национален систем за следење на пријави на несакани ефекти наведува дека толкувањето не смее да се прави произволно, така како што се прави во оваа објава и притоа се доведува јавноста во заблуда.

Пријави, „жолти картони“, несакани ефекти

Самата Влада на Велика Британија објаснува дека жолтиот картон не може да се користи за да се споредуваат стапки на безбедност на вакцините компаративно меѓу вакцини од различни производители, поради тоа што многу фактори може да придонесат кон пријавите. На сајтот од владата на Британија се додава дека секоја пријава во жолтиот картон се разгледува не засебно вон контекст, туку во контекст на други регулаторни тела на светско ниво. Колку што има поголем број на администрирани дози, логично и следствено, има и повеќе пријави. Стапката на пријави за несакани реакции на илјада администрирани дози од „Фајзер“ и „Астра Зенека“ е 3 до 6 случаи. Од клиничките тестирања е познато дека почестите несакани ефекти од овие две вакцини се случуваат еднаш на десет дози! Такви се локални реакции коишто потсетуваат на грип. Можно е посериозните медицински настани да не се причинско-последично поврзани со самата вакцина, туку да се коинцидентни. Во раната фаза на вакцинацијата во Велика Британија се вакцинираа постарите кои имаат коморбидитети! Тоа го зголемува ризикот за несакани реакции неповрзани со вакцината. Значи, некои од тие смртни случаи дефинитивно би настанале и без и со вакцината.

Пријавите во жолтите картони се проценуваат заедно со други извори на докази, од тим на експерти. Како и со секоја друга вакцина, и кај вакцината против ковид-19, можни се несакани ефекти кај некои луѓе. Целосниот број на пријави во жолтите картони, засега не е невообичаен.

Како што е подвлечено од клиничките тестирања познато е дека најчестите несакани ефекти за вакцините се во еден од десет случаи на администрирана вакцина. Во целост, пријавите во жолтите картони се со пониска стапка отколку стапката на несакани ефекти во клиничките испитувања. Главната цел на жолтиот картон е да детектира нови несакани ефекти.

За сите вакцини, деталните извештаи на сите пријави, покажуваат дека најголемиот дел се однесуваат на болка во раката каде што е аплицирана вакцината, главоболка, замор, температура, вртоглавица, слабост, болки во мускулите.Сите овие симптоми генерално исчезнуваат брзо, за еден или два дена и се резултат на имуниот одговор на вакцината.

Повозрасните луѓе први се вакцинираат, а голем дел од нив имаат хронични болести и претходни медицински состојби коишто прават поверојатно да настанат коинцидентни несакани настани, особено ако се земе предвид дека се администрирани милиони дози.

Во светот секоја година има и стапка на морталитет од природна смрт. Базирано на статистиката на морталитет во Англија и Велс, преземена од Канцеларијата за национална статистика на регистрирани смртни случаи, неколку илјади смртни случаи се очекувани да се случат природно, во периодот од 7 дена по администрираните милиони дози вакцни, особено за повозрасни граѓани.

Вакцинацијата е најефективен начин за да се намали стапката на смртност и сериозна болест како последица на ковид-19. Велика Британија потврдува дека најголемиот број на несакани ефекти што се пријавени, покажуваат дека вакцините имаат добар безбедносен профил кој претходно е виден и во клиничките тестирања. Најголемиот број пријавени несакани ефекти се главоболка болка во раката, слабост и болки во мускулите кои поминуваат за неколку дена, а се нормален имун одговор на вакцината.

Погрешна интерпретација

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени ,,жолти картони”, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство, кои може да ги пополни секој, само ако има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Пријавите потоа се разгледуваат секоја поединечно, се бараат сите специфики на секој засебен случај и од пријавите не може да се каже дали несаканиот ефект или смртта настапиле поради вакцината.

Тоа го наведуваат и на самата веб-страница на владата на Велика Британија, но во постот, намерно или ненамерно, е испуштен овој податок, со цел да се создаде лажна илузија дека смртноста и ,,повредите” се причинско последично поврзани со вакцината. Ваквата погрешна интерпретација може да создаде паника кај граѓаните и да ги одврати од намерата да ја примат вакцината

Министерството за здравство игра активна улога во одговорот на пандемијата со коронавириусот.

Клиничките испитувања на вакцината против ковид-19 покажаа дека тие се ефективни и прифатливо безбедни. Во секој случај, како дел од статутарните функции, одговорни сме да мониторираме дека овие вакцини продолжуваат да осигуруваат дека нивните бенефити ги надминуваат нивните ризици. Оваа обврска е за сите одобрени лекови и вакцини во Велика Британија. Продолжува стратегијата за мониторинг, која е проактивна и се базира на голем број извори, а посветен тим на научници на дневна основа ги разгледуваат информациите за да ги пронајдат проблемите со безбедноста и неочекуваните ретки несакани ефекти. Овој неделен извештај ги собира на едно место информациите добиени преку шемата на жолти картони и ќе се објавува регуларно согласно со Стратегијата за набљудување на ковид- 19 вакцината“се наведува во описот за овие извештаи.

Владата на Велика Британија објавува детално објаснување за тоа што претставува жолтиот картон.

Преку механизмот на жолт картон, секој може доброволно да пријави какви било несакани реакции од вакцината. Многу е важно дека запаметите дека пријавувањето преку механизмот жолт картон не значи дека задолжително вакцината го предизвикала несаканиот ефект. Бараме сите сомневања да се пријават дури и ако тој што пријавува не е сигурен дека вакцината го предизвикала несаканиот ефект. Многу од овие пријавени несакани реакции преку жолтите картони немаат никаква поврзанос со вакцината или лекот што бил администриран и често е коинциденција што тие настапуваат заедно во исто време. Овие пријави постојано се разгледувани и блиско следени за да се детектираат нови можни несакани ефекти кои може да бараат регулаторна активност, како и за да се направи разлика меѓу нив и оние несакани ефекти што би настанале независно од лекот или вакцината што биле администрирани, поради на пример, недијагностицирана болест, пишува на страницата.

Владата на Велика Британија дури и најексплицитно и најдиректно посочува:

Многу е важно дека овие сомнежи за несакани ефекти опишани во овој извештај не се интерпретираат како докажани несакани ефекти од ковид-19 вакцинатa.

Поради фактот што сите овие информации во постот се испуштени, односно намерно или ненамерно не се наведени, оценуваме дека во овој пост е испуштен контекстот со што јавноста е лажно информирана дека смртните случаи кои настанале по вакцинација се директна последица на вакцината, без за тоа да се има докази. Самото неправилно интерпретирање на статистиката во системот за пријавување несакани ефекти во Велика Британија е причина за оваа неточност. Во времето на објавувањето на извештајот, кој е погрешно интерпретиран, повеќе од 129 илјади луѓе ширум Велика Британија починале во период од 28 дена од денот кога добиле позитивен тест за коронавирусот. Вакцинацијата е единствениот ефективен начин да се намали смртноста и да се превенира сериозен тек на болеста ковид-19.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани