АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ова вознемирувачко видео е направено денеска два часа после полноќ на улицата "Васко Карангелевски" во Битола. Автомобил на двете коловозни ленти прави осмици со силно чкрипење на гумите од што се шират не само вознемирувачки звуци туку и неподнослива миризба. Жителите од овој дел на Битола се жалат дека немаат сон од ноќното дивеење со автомобилите, кои се собираат на паркингот пред Веро, а додека траат овие опасни егзебиции има и публика. Најчесто ова се случува за време на викендите, но ги има и во другите денови.
- Ова ни е секојдневие, многу ретко во овој период има полиција. Сигурно се пријавува постојано, ама до сега само два три пати има дојдено полиција. Паркингот на Веро им е збиралиште, секоја вечер со саати е ова. Дома, ни смрди на запалена гума. Инаку, ова се случуваше и за време на полициски час. Децата ни се трауматизирани, мора да има решение, треба само да се сака, вели битолчанка.
Жителите бараат интензивни контроли на полицијата во ноќните часови на главните битолски сообраќајници за да се стави крај на ова дивеење. Други граѓани пак постојано реагираат на трките со мотори кои ги вознемируваат после полноќ на повеќе улици во градот и исто така бараат реакција на сообраќајната полиција.