АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големи ивестиции околу 600.000 евра се вложени во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во мандатот на сегашниот директор Владимир Роме и градоначалничката Наташа Петровска. Директорот рече дека со овие инвестиции училиштето доби нов лик и дека се најголеми капитални вложувања откако објектот е изграден.
Во мандатот на Роме и Петровска вложени 600 000 евра во „Ѓорги Наумов“
„Прво се започна со проектот на замена на нова дограма, покривот на училиштето и ново заштитно громобранско заземјување, со средства од бугарската амбасада во висина од 133.000 евра. Останатите средства се од општината и по заслуга на градоначалничката. Би ги издвоил комплетната реконструкција на влезните скали во училиштето, поставивме роло завести во сите училници, кои истовремено се и бојадисани, а наскоро ќе имаме тендер и за нови ПВЦ подлоги во дел од училниците. Комплетно е реновирана и спортската сала, паркетот е истружен, лакиран и обележан, заменето е осветлувањето во салата со лед рефлекторско осветлување. Комплетно се промени осветлувањето во училиштето со ново лед осветлување, а осветленување е поставено и околу училиштетоИмаме нова мултимедијана просторија која ќе биде во салата за состаноци, комплетно опремена за конференции и презентации. Училиштето има и тоалет за инвалиди, а реновирани се и два службени тоалети, како и машките ученички тоалети“, рече Роме..
Дополнително, со околу 40.000 евра средства од Општина Битола, во училиштето се опремуваат 4 кабинети со најмодерна компјутерска опрема, видео бимови, смарт табли, телевизори, кои ќе овозможат висококвалитетна настава. За наставата во ковид околнностите, со средства од Општина Битола, минатата година беа набавени 18 нови компјутери и останата дополнителна опрема.
Комплетно реновирана спортската сала, издвоени пари за реконструкција на спортските терени пред школото со тартан подлога
Но, најголемиот зафат со општински средства допрва следува. Тоа е реконструкцијата на спортските терени пред школото, кои ќе добијат оградена површина на двете игралишта – ракометно и кошаркарско, опремени за ноќно користење.
„Ќе бидеме единствено училиште со тартан – мека подлога на двата спортски терени, во вредност од 135.000 евра општински средства“, рече Роме.
Претходно беше променета дограма, покривот на училиштето и ново заштитно громобранско заземјување, со средства од Бугарската амбасада во висина од 133.000 евра. Следува и проект за нова енергетска фасада со средства од МОН. Со тоа ќе се заокружи целиот циклус на реновирање на училиштето.
Општината годинава вложи 840 000 евра во средните училишта
Петровска го посети училиштето со цел да направи увид врз спроведените инфраструктурни зафати, а најави дека за оние кои ќе следуваат Општината во нејзиниот мандат веќе префрлила средства за школото.
„Само оваа година Општината во средниште училишта вложи 840 000 евра, а над 420 000 евра во основните училишта. Само во ова училиште над 270 000 евра. Ме радува зашто она што го гледам на изведбените инфраструктурни активности, покажуваат дека станува збор за зафати кои овозможуваат далеку подобра кондиција и услови за работа во образованата институција. Но , уште повеќе се радувам на она што следува, а тоа се спортските терени кои по примерот на претходните санирани спортски терени во две основни училишта покажуваат дека ја подобруваат можноста за изведување на спортски активности во наставата и создаваат можности за населението кое гравитира во конкретните училишта“, рече Петровска.