2win800x200

Петмина битолчани конкурираат за наградата за животно дело „4 Ноември“

Октомври 25, 2021

За највисокото општинско признание на Битола, наградата „4 Ноември“ конкурираат петмина битолчани кои во својот животен и професионален век учествувале активно во општествениот живт на Битола.

Тоа се новинарот и фоторепортер Петар Ставрев, писателот Петре Димовски, потоа професорката по англиски јазик, сега во пензија и поранешен почесен конзул на Велика Британија во Битола, Лилјана Спировска, познатиот специјалист ортопед во пензија Томислав Зиновски и актерот на Народниот театар, Петар Мирчевски.

За едногодишните награди конкурираат: професорката по англиски јазик Марија Магдалена Петковска Микаровска позната во изминатите години по еколошките акции со Класнето, Михаил Досевски ученик во ОУ „Кирил и Методиј “, писателката Мирјана Стојановска. 

Мила Нечовска, ученичка по пијана во Музичкото училиште, Јован Секуловски, ученик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Весна Христовска, наставник во СТУ „Таки Даскало“ и Народниот театар Битола..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани