2win800x200

ПАРИ АНАЛИЗА:Короната силно ги нарушила битолските финансиски текови

Ноември 08, 2021

Во градот под Пелистер 2020 година ќе биде година на заборав од аспект на профитабилност на локалните компании. Според податоците на Бизнисмрежа.мк во продолжение следува анализата на Пари на најголемите 10 компании од Битола. Анализата ќе се сведе на 4 клучни елементи: приходи, добивка, број на вработени и просечна плата. Преку нив ќе се обидеме да добиеме пореална слика за микроекономијата во државата.

Она што може да се забележи од компаративните податоци за остварените приходи на топ 10 компаните е дека минатата година мнозинството од нив реализирале далеку пониски приходи, во споредба со 2019 година. Имено, 70% од топ 10 компаниите бележат пад на приходиЛидер во ова неславно друштво е компанијата Ростфреи –Мајор Инох која бележи пад на приходи од 58,11%. Оваа компанија се занимава со производство на опрема за процесна техника од нерѓосувачки челик и согласно светските трендови за затварање на погоните и дестимулација за нови инвестиции, разбирливи се ваквите податоци. Од друга страна, евидентно е на што се трошеле најмногу пари во пандемиската година. Компанијата Еурофарм е лидер по остварен процентуален пораст од 20,52%.

Од аспект на големина на компании, се издвојуваат 3 големи компании: Млекара АД, Еурофарм и Синпекс. Овие три “тешкаши” партиципираат со скоро 81% од вкупните приходи на топ 10 компаниите за 2020 година. Неприкосновен лидер е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, Млекара АД со реализација од над 41 милион ЕУР. Сепак, мора да се напомене дека овие бројки се за скоро 14% полоши во споредба со 2019 година, а исто така оваа компанија го има најголемиот кумулативен пад на приходи од над 6,6 милиони ЕУР. Третиот клучен играч во битолската микро економија е Синпекс, компанија која се занимава со застапување, продажба и сервисирање на механизација, машини и опрема, наменети за земјоделстството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Оваа компанија е трета по големина во однос на остварени приходи и изминатата година остварила значителен пораст од 15,16%.

НАЗИВПРИХОДИ 2020ПРИХОДИ 2019РАСТ%
МЛЕКАРА АД 41.269.320 47.952.456 -13,94%
ЕУРОФАРМ 34.976.938 29.022.768 20,52%
СИНПЕКС 17.695.988 15.365.891 15,16%
ЕРИ ЦОРПОРАТИОН 10.661.047 11.451.980 -6,91%
ИНТЕРВОРКС 4.804.642 4.973.291 -3,39%
ПЛОДНОСТ 2.945.757 2.987.266 -1,39%
ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС 1.989.421 2.120.889 -6,20%
БРАЈТ БОКС 658.214 645.966 1,90%
РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ 533.134 1.272.837 -58,11%
АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ 470.289 547.599 -14,12%


Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Кога се анализираат остварените добивки повторно се појавуваат 2 нови компании кои ја „рушат” големата тројка. Имено, покрај неприкосновената Млекара АД која ја завршила 2020 година со добивка од скоро 3 милиони ЕУР и заедно со Синпекс и Еурофарм се единствените кои имаат процентуален пораст во оваа категорија, во листата се приклучуваат и Интерворкс и Ери Цорпоратион, со дибивка над 1 милион ЕУР. Според остварените добивки битолската економија добива 4 носители на успешност, а се исклучува Еурофарм поради тоа што и покрај големите приходи, сепак добивката изнесува скромни 2.900 ЕУР. Иако во оваа категорија имаме 2 нови играчи, сепак мора да се напомене дека короната драстично удрила по нивните добивки, намалувајќи ги за 13% кај Ери Цорпоратион и 43% кај Интерворкс. Сите останати компании од топ 10 бележат пад на остварена добивка, со тоа што во 2020 година евидентирана е загуба кај 2 компании: Цилиндо Интернационал АпС и Брајт Бокс.

НАЗИВДОБИВКА 2020ДОБИВКА 2019
МЛЕКАРА АД 2.984.985 2.868.039
ЕРИ ЦОРПОРАТИОН 2.176.526 364.034
СИНПЕКС 1.317.090 666.811
ИНТЕРВОРКС 1.060.882 1.861.103
ПЛОДНОСТ 195.895 288.898
РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ 124.136 364.034
АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ 55.052 155.982
ЕУРОФАРМ 2.933 2.832
БРАЈТ БОКС (486) 8.971
ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС (176.314) 15.735


Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Последните два елементи (плата и вработени) ќе ги анализираме како нераскинлив дел од една компанија. Лидер според бројот на вработени е Еурофарм со 467 луѓе персонал, а остварените приходи резултирале со пораст на бројот на вработени за 6.8%, а исто така оваа компанија е и лидер според кумулативен пораст од 30 нови вработени. Од друга страна, процентуално, најголем пораст на човечки капацитети бележи Млекара АД со 13.6%, додека најголемо кратење на платните списоци имало кај Ери Цорпоратион. Од аспект пак на просечните примања кои ги остваруват вработените во овие топ 10 битолски компании најмногу се истакнуваат Интерворкс, каде просечната плата е скоро 50.000мкд. Во просек битолските топ 10 компании се далеку над националната просечна плата, со тоа што тука таа вредност изнесува 41.465мкд. Во овие 10 компании во 2020 работеле 1.351 вработен, што е за 29 помалку во споредба со 2019 година.

НАЗИВПРОСЕЧНА ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН 2020ВРАБОТЕНИ 2020ВРАБОТЕНИ 2019РАСТ %
ИНТЕРВОРКС 49.943 154 49 3,36%
ПЛОДНОСТ 44.963 92 90 2,22%
ЦИЛИНДО ИНТЕРНАЦИОНАЛ АпС 44.453 81 74 9,46%
СИНПЕКС 42.316 81 76 6,58%
МЛЕКАРА АД 41.767 217 191 13,61%
БРАЈТ БОКС 41.589 38 38 0,00%
ЕУРОФАРМ 40.238 467 437 6,86%
АМД Ѓ.Н. УСЛУГИ 38.066 19 18 5,56%
РОСТФРЕИ - МАЈОР ИНОХ 36.364 26 30 -13,33%
ЕРИ ЦОРПОРАТИОН 34.957 176 277 -36,46%


Износите се изразени во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Редакција Пари

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани