2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Над 90 проценти од здравствените работници во охридско-струшкиот регион се вакцинирани

Ноември 29, 2021

Нема лекар, вработен во јавните здравствени установи во охридско-струшкиот регион, кој не примил барем една доза вакцина. Рекордер во вакцинација е Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, таму има 100 отсто вакцинација на здравствените работници

Пишува: Соња Рилковска

Над 90 отсто од здравствените работници во охридско-струшкиот регион се вакцинирани. Нема ниту еден лекар кој не примил барем една доза вакцина. Невакцинирани од разни причини, се мал процент од вработените во администрацијата или средномедицинскиот персонал низ болниците во Охрид, Струга и Вевчани. Некои скоро го прележале вирусот, но меѓу оние кои не се имунизирани има лица со ретки имунолошки состојби или болести што се контраиндикативни на вакцината.

Кај нас повеќе од 95 отсто од вработените во болницата се вакцинирани. Вакцинирани се и лекари и сестри,болничари, помошен персонал, вработените во Управата. Мал дел од вработените немаат примено вакцина, но дел од нив скоро прележаа ковид, а дел имаат болести кои се контраиндикативни на вакцините. Но, апелот останува да се вакцинираат сите. Да веруваат на науката на медицината, вели д-р Горан Балески, директор на охридската болница.

Над 90 отсто од вработените во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ се вакцинирани.

Вакцинирани се сите лекари, немаме лекар кој досега не примил вакцина. Имаме мал процент од вработените, кои не се вакцинирани некои прележале сега скоро и имаат антитела, некои едноставно не сакаат. Најчесто тоа е помошно технички персонал, вели д-р Ацо Велески директор на болницата „Свети Еразмо“.

Рекордер во вакцинација е Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Таму има 100 отсто вакцинација на здравствените работници.

Сите здравствени работници во болницата – 121, се вакцинирани. Повеќето со две дози, но имаме и со една доза, претежно оние коишто се сега скоро прележани, вели д-р Елена Башуроска Коваческа, директор на болницата „Свети Стефан“.

И во Општина Вевчани нема невакциниран доктор. Невакцинирани се мал дел од вработените во Здравствениот дом „Доктор Светозар Чочорски“ од средномедицинскиот персонал.

Немаме невакциниран лекар. Над 90 отсто од вработените се вакцинирани. Тој мал процент невакцинирани се средно-медицински персонал, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“.

Во струшката болница од  316 вработени, 306 здравствени работници се вакцинирани.

Само десет лица од вработените сè уште не примиле вакцина. Доколку се прифати препорката на Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација на здравствените работници, верувам дека и тие ќе се вакцинираат. Во спротивно, ќе ги почитуваме мерките и ќе постапуваме онака како што ќе налагаат тие, вели Арменд Арслани, директор на струшката болница.

Комисијата за заразни болести на 17 ноември донесе нови предлог- мерки со цел заштита на граѓаните од ковид-19. Меѓу нив е задолжителна вакцинацијата за сите здравствени работници. Оваа мерка се очекува да стапи во сила  30 дена по усвојувањето од страна на Владата со цел да им се даде простор на невакцинирани здравствени работници да ја примаат вакцината. Предлозите на Комисијата ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче кој рече дека тие се донесени со консензус од членовите.

Менаџерите на здравствените институции велат ќе ги почитуваат мерките и ќе постапуваат како што ќе налагаат законите.

Здравствените работници треба да бидат пример за граѓаните и да помогнат во поттикнување на што помасовна имунизација на населението која е клучна за што поскоро завршување на пандемијата.

Од исклучителна важност е здравствените работници да бидат вакцинирани, првенствено бидејќи на некој начин, секој од нив беше или сè уште е вклучен во борбата против ковид. Оттаму, тие како директно инволвирани во процесот на лекување, најдобро знаат што значи ковид инфекцијата и се свесни за клиничката слика која ја предизвикува. Од друга страна, секојдневната работа со пациенти ги става во дополнителен ризик за заболување, како и трансмисија на вирусот на нивните најблиски. Сето ова заедно со фактот дека како медицински лица се најдобро информирани за бенефитот од вакцините и нивната безбедност, оди во прилог на тоа дека е пожелно сите здравствени работници да се вакцинираат, а со тоа на некој начин да послужат како пример во општеството. Секако, од задолжителната вакцинација се изземени лицата кај кои вакцината од најразлични причини е контраиндицирана, вели д-р Иле Кузамновски од Здружението на специјализанти.

Засега не се знае дали доколку вработените одбијат да се вакцинираат, по примерот на некои земји во светот може да бидат суспендирани од работа. Какви санкции ќе се преземаат за здравствените работници кои нема да се вакцинираат, останува да одлучи Владата. Како што најави министерот Филипче, казнените мерки кои ќе се однесуваат и на физичките и на правните лица ќе бидат дискутирани на следната владина седница (од 5,08 до 5,25 минута од видеото).


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1-768x183.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/btd-logo-1140x640-1.png 873w" alt="" width="300" height="71" class="size-medium wp-image-106619 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани