2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новинари брз здравствено и социјално осигурување, се полесна мета на притисоци

Декември 30, 2021

Истражувањето што го спроведе Самостојниот синдикат на новинари покажа дека 23 отсто од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, 19 проценти одговориле дека раководствата на медиумите не им дозволуваат на вработените да формираат синдикат. Ниските плати, како и непочитувањето на Законот за работните односи од страна на работодавачите, се најчести и постојани предизвици за новинарите. Поради лошите работни услови, новинарите и медиумските работници подлежат на автоцензура, се вели во Извештајот на ЕК. Последната анкета во која учествуваа 150 новинари и медиумски работници, од кои половината на возраст од 18 до 35 години, откри дека 62 отсто од нив земаат пониска плата од просечната 

Пишува: Мирослава Бурнс

На патот кон евроинтеграциите, властите во земјава не смеат да ги заборават работничките права и  синдикалното организирање на новинарите. Во последниот Извештај за напредокот на земјава од 2021 година од Европската Комисија, се наведува дека треба да се подобрат условите за работа на новинарите, со фокус на социјалните и работничките права поради ниските приходи и непочитувањето на Законот за работни односи од страна на работодавачите во одредени случаи. Иако, генералниот медиумски контекст е оценет како поволен, гледано во однос на слободата на медиумите забележливо е дека тој овозможува критичко медиумско известување, сепак, се споменува дека новинарите имаат ниски плати и некогаш не учествуваат во синдикално организирање кое би можело да им помогне во остварувањето на подобри работнички права.

Во делот за професионални организации и услови за работа, во Извештајот се споменува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници кој е полноправен член на Меѓународната федерација на новинари и на Европската федерација на новинари.

Синдикатот води дијалог со Владата која треба да биде подоследна и подобро структурирана во решавањето на постојаните предизвици со кои се соочува професијата. Условите за работа на новинарите, во прв ред нивните работнички и социјални права, треба да бидат значително подобрени, особено на локално ниво. Истражувањето што го спроведе Самостојниот синдикат на новинари покажа дека 23 проценти од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, 19 проценти одговориле дека раководствата на медиумите не им дозволуваат на вработените да формираат синдикат. Ниските плати, како и непочитувањето на Законот за работните односи од страна на работодавачите, се најчести и постојани предизвици за новинарите. Поради лошите работни услови, новинарите и медиумските работници подлежат на автоцензура, се вели во Извештајот.

Социјалните правила на ЕУ вклучуваат минимални стандарди во областа на трудовото право, еднаквоста, здравјето и безбедноста при работа и недсиркиминацијата. Тие, исто така, промовираат социјален дијалог на ниво на Европската Унија.

Од новинарскиот Синдикат велат дека ставот што е презентиран во Извештајот е резултат на консултациите меѓу ЕК и Синдикатот. Во минатото, иако стихијно и неофицијално, во одредени медиуми замре синдикалното здружување. Неколку откази во медиумите ги исплашија сите новинари во тие куќи, па од колено на колено, преку „усно предание” во одредени медиуми се пренесува пораката дека синдикалното организирање не е пожелно.

Има медиумски куќи кои воопшто немаат свои претставници во Синдикатот и тоа е индиција дека во тие медиуми се случува нешто во поглед на вакви стихијни забрани. Новинарите кои имаат формална или неформална забрана, или притисок да не учествуваат во синдикално организирање, сепак тајно можат да бидат членови на Самостојниот новинарски Синдикат. Но, ова право ретко кој го користи.

Од Синдикатот за „Вистиномер“ велат дека новинарите кои немаат здравствено и социјално осигурување се во несигурна социоекономска состојба која предизвикува да имаат несигурна работа. А, тогаш тие не можат да бидат професионално исполнети, да работат објективно и да ги почитуваат новинарските стандарди.

 
Во ситуации кога работното место на новинарите им виси на конец, тогаш тие полесно се предмет на притисоци од страна на политиката, бизнисот и различни интересни групи, велат оттаму.
Единствено Синдикатот е законски овластен да преговара со сопствениците на медиумите и со нив да потпишува колективни договори, да преговара за решавање на различни спорови, како и за подобрување на општите, животните и работните услови на вработените во медиумите. Освен со колективните договори Синдикатот има можности и пред сè моќ со различни други активности, методи, кампањи да се бори за заштита на материјалните, работните, социјалните и статусните права на своите членови. Преку протести, штрајкови, организиран притисок, може да се принудат сопствениците да ги почитуваат своите обврски и со достоинство да се однесуваат кон правата на вработените според постојните законски одредби. Синдикатот може и треба да бара да се изменат неповолните одредби на законите кои се однесуваат на синдикалните членови и бескомпромисно, со сите средства да ги брани нивните законски права доколку некој не ги почитува. Синдикатот некогаш обезбедува и бесплатна правна заштита на своите членови. Новинарите во медиумите со кои Синдикатот потпишува колективен договор, имаат поголема сигурност за работното место, професионални и социјални права, отколку во медиумите каде ваков договор не е склучен.
 
Искуството покажува дека онаму каде што не постои синдикат работодавачите можат безмилосно да ги искористуваат новинарите и медиумските работници, да им ги кратат платите, да им даваат бедни хонорари и кршејќи го законот да им го откажуваат работниот однос и соработката. Веќе долго време сме сведоци како некои ,,медиумски богови” даваат откази кога според нивните пресметки еден новинар не ги дава очекуваните приходи, што нема никаква врска со пазарната економија, туку претставува класична злоупотреба. Сè додека на сопственикот му е потребен новинарот, тогаш тој е добро, а кога тој веќе не му е потребен, тогаш следува бркање на улица. Праксата новинарот преку ноќ да го изгуби работното место и без никаков паричен надоместок, може да се спречи во медиумите со кои Синдикатот потпишал колективен договор и ја регулирал отпремнината, наведуваат од Синдикатот.

Последната анкета од октомври 2021 година, во која учествуваа 150 новинари и медиумски работници, од кои половината на возраст од 18 до 35 години, откри дека 62 проценти од нив земаат пониска плата од просечната. Затоа и повеќе од половината од нив одговориле дека би ја напуштиле професијата ако добијат прилика. Половината од нив рекле дка се вработени на неопределено време, а 32 отсто на определено време. Останатите 14 проценти работат хонорарно или за еден или во повеќе медиуми.

Во Законот за работни односи се наведува дека работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста, достоинството и приватноста на работникот, да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување, да не смее да го откаже договорот за вработување за време на бременоста, раѓањето и родителството, како и отсуството поради нега и чување деца. Плаќањето на работата според договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма, а полното работно време не смее да е подолго од 40 часа неделно. Работникот, исто така, има право на надомест на трошоци поврзани со работата за службено патување, теренски додаток, користење приватни автомобили за сужбени патувања и смрт на член на неговото семејство.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани