2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мали чекори кон големи промени за деца со попреченост во македонското образование

Јануари 28, 2022

Образовната инклузија е процес што трае повеќе од две децении, којшто се оддолжува не само поради лошите закони, туку и поради ниската јавна свест во општеството

Пишува: Зоран Димовски

Четириесет ученици со попреченост од Полошко од оваа учебна година имаат образовни асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето, во рамки на училиштата каде што следат настава.

Овој вид поддршка е пропишан со Законот за основно образование од август 2019 година, во делот на обезбедување на квалитетно образование за сите, а од оваа година и конечно се имплементира во практика, за да се подобри инклузивниот процес на оваа категорија деца.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-b51430c4dd0f06325dde3ac870bcb730-v-300x200.jpg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-b51430c4dd0f06325dde3ac870bcb730-v-768x511.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-b51430c4dd0f06325dde3ac870bcb730-v.jpg 1080w" alt="" width="600" height="399" class="wp-image-116934 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Не секое училиште нашло време и начин за да обезбеди пристапност за децата со попреченост. Фото: Вистиномер

За разлика од претходниот модел на  образовна асистенција кој беше финансиран преку проект на УНДП и кој беше фокусиран исклучиво на ученикот со посебни потреби, овој модел предвидува директна поддршка и на детето и на наставникот, како и на стручните служби во училиштата кои соработуваат и комуницираат со родителите.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/received_373287577933798-300x225.jpeg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/received_373287577933798-768x576.jpeg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/received_373287577933798-86x64.jpeg 86w" alt="" width="600" height="450" class="wp-image-116937 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Иако веќе сме ја потпишале и ратификувале Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост на ООН, образовната инклузија е процес кој трае повеќе од две децении. Фото: Вистиномер

Дефектологот Милица Серафимовска е специјален едукатор и рехабилитатор во основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“ од Скопје, образовна институција која врши селекција избор и обука на образовните асистенти кои од оваа учебна година се под државна капа.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img_20220115_140518-1024x768-1.jpg 616w" alt="" width="177" height="186" class="alignleft wp-image-117003 b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Работното време на образовниот асистент е осум часа, од кои шест часа за директна поддршка на ученикот и два часа за подготовка и организација на сопствената работа. Организација и реализацијата на работата на образовните задачи ја координираат стручните соработници од нашиот ресурсен центар кои се во постојан контакт со сите засегнати страни, наставниците, стручните служби и инклузивните тимови во училиштата. Претходно беа ангажирани образовни асистенти со мала финансиска надокнада, а имаа само еден ден обука. Сега очекуваме да се заокружи процесот на инклузивноста, односно сите деца со посебни потреби, да бидат дел од редовните паралелки, вели Серафимовска.

Законот предвидува посебните паралелки во склоп на основните училишта да преминат во центри за поддршка, од каде учениците кои се веќе опфатени во процесот на инклузија ќе добиваат поддршка од специјалните едукатори и рехабилитатори . Во овие паралелки, децата со попреченост ќе можат да се запишат уште наредната учебна година, а потоа следните генерации на ученици ќе бидат исклучиво дел од инклузивниот процес.

Озаконетата инклузивност пред повеќе од две децении, заглавила во менталната матрица

Од Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“- Скопје, велат дека е најден оптимален модел за оваа категорија ученици, но сепак на крај останува на поединецот како ќе испочитува законот.

Иако како земја веќе сме ја потпишале и ратификувале Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост на ООН, образовната инклузија е процес кој трае повеќе од две децении, кој се оддолжува не поради лошите закони, туку поради ниската јавна свест во општеството, велат од „д-р Златан Сремец“.

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-6874860395d602f31c9d98eda16f4bfd-v-768x1024.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-6874860395d602f31c9d98eda16f4bfd-v-1152x1536.jpg 1152w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-6874860395d602f31c9d98eda16f4bfd-v.jpg 1200w" alt="" width="140" height="187" class="wp-image-116946 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Ние, како образовни институции сме само еден дел од сложувалката, која треба да направи функционална личност, која утре нема да биде на товар на системот, ќе биде корисна и ќе се чувствува корисна. Социјалната инклузија ниту почнува, ниту пак завршува со образованието. Таа започнува со раната интервенција преку образованието, па продолжува со вработувањето на лицата со попреченост, кои се уште се соочуваат со потешкотиите со пристапот на пазарот на трудот. Мора да расчистиме дека учениците со попреченост се присутни, дел се од нашето секојдневие и треба од нив да го извлечеме најдоброто, а за тоа треба да обезбедиме услови, вели Марија Делетиќ, директорка на ОУ со ресурсен центар „Златен Сремец“.

Според неа, во јавноста доста се критикува моделот на тотална инклузија и затоа е потребна информативна кампања, со цел подобро да се запознае истата и да се расчистат дилемите. Делетиќ вели дека не постои идеален модел, но дека треба да се стремиме кон постепено напуштање на моделот на образование кој стигматизира, „посебни паралелки“, „посебни училишта“ и да се прифати моделот кој практикува создавање на оптимални услови за развој на сите ученици, без оглед на попреченоста .

 

Како со инфраструктурни бариери до целосна инклузија?

И Серафимовска и Делетиќ се согласни дека локалната самоуправа и сите училишта треба пристапноста да ја постават како приоритет при планирањето на буџетот. Пристапноста не се состои само од изградба на пристапна рампа, туку и обезбедување лифт, адаптиран мебел, тоалети и слично. Делетиќ вели дека недостигот на пари за надминување на инфраструктурните бариери не смее да биде изговор, односно ако се има волја, ќе се најде и начин. Но, не секое училиште нашло време и начин за да обезбеди пристапност. 

https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-11fa23e0b4dce54f2099734308269940-v-300x200.jpg 300w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-11fa23e0b4dce54f2099734308269940-v-768x512.jpg 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/01/img-11fa23e0b4dce54f2099734308269940-v.jpg 1080w" alt="" width="600" height="400" class="wp-image-116949 b-loaded" style="display: inline-block;" />
Не треба да се оди на момент да се адаптира тоалет за дете со посебни потреби, туку тој тоалет треба да одговара и на ученици со и без попреченост, вели дефектолот Серафимовска. Фото: Вистиномер

Серафимовска, пак, смета дека треба да се размислува да се оди кон универзален дизајн во самите училишта. Според неа, целиот концепт на инклузивно образование се заснова на неколку принципи, а тоа е педагогија фокусирана на ученикот и универзален дизајн на учење.

Не треба да се оди на момент да се адаптира тоалет за дете со посебни потреби, туку тој тоалет треба да одговара и на ученици со и без попреченост. Значи, секое дете треба да се вклучи во образованието, но му треба прилагодување. Треба да се избегне моментот на сегрегација. Ова е комплексен процес, ќе одиме чекор по чекор, а во образованието, зборувам за финансискиот дел, треба да инвестираат и компаниите, а со тоа да покажат општествена одговорност, вели Серафимовска.

Во најновиот извештај на Европската комисија за Македонија во поглавјето 26, во делот на образованието и културата, стои дека земјава треба да го подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост.


https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo-768x180.png 768w, https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/09/ned-logo.png 873w" alt="" width="300" height="70" class="size-medium wp-image-106627 alignleft b-loaded" style="margin: 5px 20px 15px 0px; float: left;" />Овој напис е изработен во рамките на проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани