
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вкупниот број на заболени во Битола од почетокот на кризата до 8 ноември изнесува 1054, а на починати 34. За една недела од 2 до 8 ноември се заразиле 343 битолчани, а во последните две недели 639, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во овој период во Битола се регистрирани 518 активни случаи, а починале 11 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.
Уште еден вработен во хосписот "Сју Рајдер" во Битола е позитивен на КОВИД 19, со што вкупниот број на заболени од персоналот се искачи на 7. Од пациентите заразени се 33, а се очекуваат резултатите за уште 15.