
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пресрет на патрониот празник на битолското медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ ученичките од трета година, Сара Вршкоскс, Алмина Сулејмановска и Габреила Стоковска, имаа презентација пред своите наставници и соученици по повод октомври-месецот посветен на борбата против рак на дојка, каде имаа можност да го истакнат своето познавање во нивната струка-медицински сестри.
Брза, ефиксна и плодна посета на министерот Венко Филипче на Клиничка болница Битола. Разгледаното е договорено и остварено, соопштија од Болницата.
-Според планот обезбедени се и потпишани од страна на министерот вработувања нови за до крајот на 2019 година, вклучувајќи ги овде и вработувањата трансформација од определено време како и направен план за нови вработувања за наредната 2020 година“, изјавија од Болницата.
Понатаму, Министерството се вклучува со помош околу реновирањето на останатиот дел од визбите каде функционираат амбулантите и веќе е започната тендерската постапка.
Најавена е реконструкција и санација на сите санитарни чворови, набавка на нови кревети за пацинетите, плочки секаде каде е потребно, санитарија и друга опрема.
Помош на менаџерскиот тим од страна на министерот му беше понудена и за интерната амбуланта која веќе се реконструира од страна на Болницата и каде е најголема фреквенцијата на пациенти .
Се отпочнува и со реконструкција на зградата каде ќе се отвори нов геријатриски оддел многу потребен на битолчани. Во најбрз можен рок министерот си зеде обврска да се поправи и ангиографот .
„Од страна на менаџерскиот тим и од името на вработените голема благодарност за посетата на министерот,за брзата ефикасност за она што го побаравме и искажавме како проблем со кој се соочуваме,чекаме нова средба повторно во клиниката како би можеле да се реализираат уште проекти кои денес му ги предочивме а тој вети брза реалузација“, рече портпаролката на Болницата Сузана Конеска.
Министерот се сретна и со младите лекари го посети и физикалното одд и ја виде работата на базенот.
Македонската Влада се „сели“ во Општина Битола. Премиерот Зоран Заев утре во зградата на Општината во Битола ќе претседава со редовната 159-та седница.
Ракометниот гигант „Веспрем“ од Унгарија, вечерва ќе допатува во Битола, пред утрешниот натрпревар во СЕХА лигата со „Еурофарм Работник“, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“. „Веспрем“ кој е двократен СЕХА победник и актуелен европски вицешампион, доаѓа со целиот свој потенцијал, за првпат е во Битола, па се очекува овој натпревар да биде вистински магнет за битолската публика.
Половина Битола вечерва петнаесетина минути остана без струја.