Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсониера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:
ОГЛАС
За издавање под закуп на една гарсониера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/62
- Здружението на пензионери - Битола располага со слободен стан (гарсењера) во зградата на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/62
- За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
- Кон Молбата се приложуваат следните документи
- Талонче од последна исплатена пензија
- Уверение за матерјална состојба (Ујп)
- Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
- Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
- Огласот ќе биде објавен во весникот „Битолски весник“ (на македонски и албански јазик), интернет порталот „Апла“ FACEBOOK страната на здружение на пензионери Битола и ТВ „Тера“.
- Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268 од 19.02.2024 до 23.02.2024 година.
|
Здружение на пензионери - Битола
|