Опасна бандера во Јенимаале, се бара сопственикот

Август 06, 2018

Бандера на улицата "Цветан Димов" во битолско Јенимаале е навалена и претставува опасност за жителите и сите минувачи.

Граѓаните кои живеат таму за проблемот алармираат на фб групата "Битола сака чист воздух" и бараат надлежните да ја отстранат бандерата.

По објавата, советникот од Советот во општина Битола,  Борче Корлевски, случајот го пријавил во ЕВН, но од таму добил уверување дека бандерата не е нивна сопственост.

-Од ЕВН негираат дека бандерата е нивна и  укажуваат дека е во одржување на ВИП и Тмобиле за што побарав писмено да достават записник, а испратени се екипи на терен. Ако се потврди нивната констатација ќе треба некој од ВИП или Тмобиле да реагира, напиша Корлевски.
 
Додека се бара сопственикот, бандерата е закана  за жителите и сите минувачи во Јенимаале

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани