
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 12.05.2025 во 18.55 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.У.(18) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Битола, била пронајдена марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.