2win800x200

СВР-Битола само овој месец лиши од слобода 39 лица дилери на дрога и оружје

Мај 27, 2025
фото Гоко Петковски фото Гоко Петковски

СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја, дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како  и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар), информира Сања Стаматова, портпарoлoт на СВР Битола за Апла.мк.

„Извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции" извршени беа 3 претреси и по  чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи" извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар“, информираат од СВР-Битола

 

Од таму апелираат дека полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани