2win800x200

Кривична пријава за откупувачи на жито од Путурис што измамија земјоделци за 140 илјади евра

Јуни 04, 2025
Кривична пријава за измама 
 
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари. 
Првопријавениот во текот на  2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот - сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра, соопшти полицијата.
 
Како што веќе објавивме 

На голема мака се земјоделци од Пелагонскиот регион кои годинава ја предале пченицата кај откупувачот „Путурус Промет“ ДООЕЛ Долно Оризари – Битола. а не зеле пари. Станува збор за неисплатени стотици илјади евра кај над 150 до 200 земјоделци.

Нашиот земјоделец Тони Настевски (51)  од село Трап, Општина Могила за zelenaberza.com.mk раскажува дека пченицата што ја предал кај „Путурус Промет“ останала неплатена. Газдите, синот и таткото избегале и не му ја платиле, и не само него туку уште на стотина други земјоделци кои останале без пари.

Тони ова лето откако не ги зел парите од жетвата ја пријавил фирмата во полиција. Според неговите пресметки фирмата му должи над 5 илјади евра. Кога отишол да пријави во Битолската полиција пред него веќе шеесеттина земјоделци поднеле кривични пријави за „измама“ за фирмата „Путурус Промет“.

„Поднесов кривична пријава за „измама“ по член 247, став 1 од КЗ, против фирмата „Путурус Промет“ и сопствениците Димитар и Пецо Нечовски. Јас како производител на пченица, регистиран како индивидуален земјоделец земам субвенции од државата. Досега имам предадено 22 тони и 400 килограми пченица од оваа година по цена од 10 денари за кг.  Лани предадов 23 тони и 900 килограми по цена од 10,5 денари од која ми исплати 222 илјади денари. Фирмата ми остана должна уште 89 илјади денари за лани. За годинава и лани оштетен сум за сума од 310 илјади денари или околу 5 илјади евра“. вели Настевски за „Зелена берза“ и во прилог ни ги доставува кантарните белешки.

Настевски вели дека во изминатиот период постојани им звонел на телефон и ги барал газдите на „Путурус Промет“ но тие не се јавувале, па разбрал дека биле заминати за странство.

Со оглед на тоа што и други земјоделци останале со неисплатена жетва вели дека најверојатно избегале со парите.

Сега голем проблем за нашиот земјоделец Тони покрај несплатената пченица е дали во овој случај ќе може да земе пари од 3 денари по килограм дополнителна мерка на МЗШВ, бидејќи како доказ за предадената жетва ги има само кантарните белешки.

МЗШВ ќе треба дополнително да се изјасни за случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани