
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во врска со вчерашниот настан во кој внука со нож ги избоде сопствените баба и дедо СВР Битола известува -
На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола. Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78). Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Битола.
Како што е познато, настанот се случил во семејниот дом на улицата „Солунска“ во Битола, споделија детали од Основното јавно обвинителство и од МВР.
Напаѓачката, 40 минути по нападот била пронајдена и приведена во полициската станица во Битола. Потоа 26-годишната девојка била префрлена во Психијатриската болница во Демир Хисар, каде ќе продолжи да се следи нејзината здравствена состојба.
„По овластување на јавен обвинител, веднаш беа ангажирани екипи на Министерството за внатрешни работи кои извршија увид на самото место. Се работи на прибирање на сите релевантни докази и податоци во врска со случајот. Осомничената е приведена и постапката е во тек“, информираа од Основното јавно обвинителство Битола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело – обид за убиство.