
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска" во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило „волксфаген" патничко возило „бмв", патничко возило „тојота", патничко возило „киа", патничко возило „рено", патничко возило „матиз", патничко возило „тико" сите со битолски регистарски ознаки паркирани на улицата при што направени биле и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи. Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот.