
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големи се последиците од пожарот на ул. "Борис Бастерот" во Битола. Од фотографиите кои ги објави Противпожарната единица на Битола се гледа разурната барака и изгорени возила. Според СВР Битола 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот" во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено" и „цитроен" со битолски регистарски ознаки и „рено" со скопски регистарски ознаки.
Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола.Во пожарот повредени лица нема,причинета била материјална штета.