
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одреден е притвор во траење од 30 дена за 33 годишна битолчанка дилер на дроги, потврдува СВР Битола.
На 25.10.2025 во 11:20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во дом и простории, кои ги користела М.В.(33) од Битола. При претресот, извршен по судска наредба од Основен суд Битола, пронајдени се марихуана, дигитални ваги, метална дробилка и други предмети со остатоци од кокаин, бела материја, како и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. М.В. е лишена од слобода и против неа е поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ.
