2win800x200

Млада битолчанка е тешко повредена во сообраќајка на патот Битола-грчка граница при судир со грчко возило

Ноември 22, 2025

СВР Битола информира дека 23 годишна битолчанка е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера вечер на патот Битола, граничен премин Меџитлија. Според полицијата на 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(30) од Република Грција. Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната А.С., констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани