2win800x200

Вчера уапсени тројца возачи во Битолско кои возеле без положен возачки испит

Февруари 03, 2026

СВР Битола информира дека во еден се уапсени три лица кои возеле без положен возачки испит.

На 02.02.2026 во 15:33 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
 
На 02.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
 
На  02.02.2026 во 10:30 часот на патот за с.Бистрица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ш.Б.(34) од с.Острец, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило  „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани