2win800x200

Дете на 16 години фатено со дрога на ул.„Мукос“ во Битола

Април 20, 2026

Свр Битола информира за три случаи кога гражани на Битола биле фатени со дрога, а еден од нив е и малолетник на 16 години. 

 

На 19.04.2026 во 19:50 часот на ул.„Мукос” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиja од слобода 16-годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени  марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Во друг случај - СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(20) и А.Р.(22), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, извршиле преглед над второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од првопријавениот.  

 

Во трет случај  - На 20.04.2026 во 00:50 часот на ул.„Крушевска република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода  Ј.З.(37)  и А.Т.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.З. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно  документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани