АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
58 годишен холандски моторџија загина во сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот на излезот во Битола над Довлеџик на кривината за Пелистер, соопштија од СВР Битола за Апла.мк.
Неофицијално дознаваме дека Холанѓанецот бил дел од поголема група моторџии кои минувале низ Битола. На излезот од градот во критичниот момент дошло до судар со патничко возило, при што моторџијата се здобил со тешки телесни повреди. Од Битолската болница за нашиот портал изјавија дека повредениот бил донесен кај нив, му била укажана потребната лекарска помош, бил и реанимиран, но потоа починал.